meta-mk
Нема место за јавнообвинителско постапување во набавката на модуларните болници
By Мета

Од прибраните податоци произлегува дека во периодот од април до јуни 2020 година биле спроведени три постапки за обезбедување дополнителни капацитети на здравствениот систем за справување со пандемијата од Ковид-19. Набавките се однесувале на монтажни контејнери кај Клиниката за инфективни болести во Скопје, немедицинска опрема за Регионалниот ковид-центар и формирање монтажно-модуларен амбулантско-поликлинички оддел за потребите на Клиниката за пулмологија и алергологија